Во Националниот музеј за уметност во Херсон, Украина, е отворена изложбата на цртежи и колажи на Јана Манева-Чупоска. Изложбата, со наслов „Љубовници во пандемија“, се состои од четириесет дела, цртежи и колажи изработени во комбинирана техника: молив, јаглен, акрил и темпера.
Преку фигуративните композициски ликовни претстави, ликовната уметница Јана Манева-Чупоска ја пренесува својата психолошка и емотивна состојба во корона- кризата. Таа ја нагласува љубовта како ликовен симбол кој во овие дела дава надеж дека сепак љубовта ќе го спаси човештвото.
Изложбата е под кураторство на проф. Елена Чепелук, професорка на Факултетот за уметност и дизајн во Херсон. Изложбата, освен во Националниот музеј, била претставена и во галеријата на Факултетот за уметност и дизајн во Херсон, Украина.
Изложбата „Љубовници во пандемија“ е финансирана од Министерството за култура на Република Северна Македонија.