Во Чифте амам денеска ќе биде отворена изложбата „Сеќавања“ на уметникот Бурим Муфтиу, во организација на Националната галерија на Република Северна Македонија.
Манекенот (кукла во излог) зазема централно место во уметничкото говорење на авторот Бурим Муфтиу, преку фотографии, инсталации и видеопроекција.
Кураторка на проектот е Татјана Бундалевска, кустос во Националната галерија на Република Северна Македонија. Изложбата ќе биде поставена до 26 ноември.