Концерт на пијанистката Јеол Еум Сон од Јужна Кореја во Филхармонијата

од admin_kult

Со Оркестарот на Филхармонијата, вечер ќе настапи една од најдобрите млади пијанистки на светската музичка сцена – Јеол Еум Сон од Јужна Кореја. Концертот има наслов „Фрески“ според истоименото музичко дело на македонскиот композитор Благоја Ивановски што ќе биде изведено на овој концерт, заедно со Концертот за пијано и оркестар бр. 2 и „Танцот на смртта“ од Камиј Сен-Санс.

„Танцот на смртта“ е една од четирите тонски поеми што ги создал Камиј Сен-Санс во 1870 година, сите инспирирани од Франц Лист и неговите истоимени дела од 1849 година.

Јужнокорејската пијанистка Јеол Еум Сон важи за брилијантен вирутоз и за пијанистка која прави соврешен баланс меѓу енергијата и гравитацијата со својата изведба. Нејзиниот репертоар е разновиден и еклектичен, а досега  настапувала со најдобрите светски оркестри.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе