Mузичката програма на „Охридско лето“ продолжува со класичниот репертоар и романскиот дует Петру Иуга на контрабас и Хориа Михаил на пијано.
Романскиот контрабасист Петру Иуга е еден од најуспешните музичари од неговата генерација. Иуга е носител на бројни признанија од светските натпревари за контрабас што му овозможува светска кариера и гостувања како солист со престижни европски оркестри меѓу кои и Лондонскиот симфониски оркестар. Работи
Пијанистот Хориа Михаил дебитира со оркестар на 10 годишна возраст во неговиот роден град Брашов, а до денес настапува како солист со сите оркестри во Романија.Во моментот делува како Уметнички директор на Филхармонијата во Брашов, советник за култура на градоначалникот на Брашов и директор на фестивалот ТАМТАМ.
Концертот е од 21 часот во катедралната црква „Света Софија“.