„Моите омилени нешта“ – изложба на ликовниот уметник Менсур Бојда на 9 август

од admin_kult

Во установата „Бранд Петрушев“ во Богданци вечерва (9август) со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложбата „Моите омилени нешта“ на ликовниот уметник Менсур Бојда.

Делата се инспирирани од функционалноста, како и од изработката на пијано што создава разновидност на емоции, пораки и идеи од едноставен склоп на правила, на зададен редослед на црно-бели копчиња.

Бојда е ликовен уметник кој во моментов живее и работи во Њујорк. Тој е фигуративен експресионист и неговиот интерест досега до различни ликовни дисциплини како сликарство, цртеж, графика, скулптура, илустрација и стрип.

Досега има повеќе од 20 самостојни изложби и многубројни групни и останати проекти, а неговите работи се изложуваат низ Европа, Америка и Азија.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе