Во Музеј на град Кратово, во организација на општина Кратово и Ансамбл Македонија од Скопје, отворена е изложбата на традиционални балкански народни носии.
На изложбата се претставени традиционални народни носии од Балканот од крајот XIX и почеток на XX век, класифицирани според социјалниот статус, прикажани на фотографии. На изложбата со вокални изведби од Посавина – Хрватска се претставија и уметниците на Ансамблот Македонија од Скопје.
Изложба која за посетителите ќе биде отворена до 30 ноември, е дел од Меѓународната ревија на народни носии, проект, поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.