Театар „Сенки и облаци“ со претставата „Алиса и чудата“ настапи на 3-тиот Меѓународен фестивал на сенки.
Фестивалот кој се одржа во Московскиот детски театар на сенки, единствениот руски професионален државен театар за сенки кој постои дури 80 години, беше отворен со претставата „Никогаш ненапишана приказна“ посветен на 200-годишнината од раѓањето на Фјодор Михајлович Достоевски.
Гостувањето на претставата „Алиса и чудата“ во Руската Федерација е поддржано од Министерството за Култура на РСМ.