Во ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ денеска (30 ноември) во 12:30 часот ќе биде отворена ретроспективна изложба на дела од битолската ликовна колонија „Нижополе“.
Пред прилепчани ќе бидат изложени 20 слики од исто толку уметници, учесници низ годините на колонијата, која постои од 2000 година.
– Ова е само мал дел од големото богатство на дела што ќе бидат на увид пред јавноста. Имено, на колонијата „Нижополе“ во изминатите 20 години учествувале и твореле над 300 учесници од земјава и од странство, кои создале над 700 уметнички дела – истакнуваат од Центарот за култура во Прилеп.