Балканско-европска турнеја на „Работи за кои не зборуваме“

од admin_kult

Македонскиот народен театар и „Wonderland Theatre“ со претставата „Работи за кои не зборуваме“, во режија на Нела Витошевиќ, од 30 ноември до 27 декември патуваат на балканско-европска турнеја.

Од МНТ информираат дека гостувањата започнуваат со Србија, во Центарот за културна деконтаминација, Белград, по што претставата ќе гостува во Народниот театар, Битола, а потоа следува патувањето во Полска и театарот во Радом.

– Кон втората половина на декември претставата ќе се одигра на фестивалот Денови на Јурислав Корениќ во Камерен театар 55 Сараево, Босна и Херцеговина, а актерската екипа: Драгана Костадиновска, Ивана Павлаковиќ, Сара Климоска, Исмет Шабановиќ и Никола Настоски, патувањето го завршува во нашата земја со гостувањето во Народниот театар „Ацо Шопов“ во Штип – појаснуваат од МНТ.

„Работи за кои не зборуваме“ е креирана според вистински приказни и сведоштва на актерите, како и на интимни животни искуства на разни лица. Изобилува со многу емоции што произлегуваат од текстот, а поединецот слоевито ги препознава стравовите, тагата, болката, траумите и празнините на сопствената душа. Премиерно беше изведена на 16 октомври и за краток период ја освои театарската публика.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе