Промоција на монографијата „Ловро Матачиќ“ од Ана Видиќ

од admin_kult

Националната опера и балет и Филхармонијата денеска (4 ноември) во 13:00 часот ќе ја промовираат монографијата „Ловро Матачиќ“ од Ана Видиќ. Издавач на монографијата, која е двојазична (на македонски и на хрватски јазик), е Фондацијата „Ловро и Лили Матачиќ“ од Загреб. Книгата ќе ја промовираат д-р Јулијана Папазова (музиколог) и Јосип Налис (генерален секретар на Фондацијата „Ловро и Лили Матачиќ“).

Ловро Матачиќ (1899 – 1985) е еден од водечките европски диригенти на XX век, кој соработувал со најдобрите оркестри и оперски куќи во светот. Тој е една од клучните личности во втемелувањето на македонската современа музичка култура преку неговата работа во првите години од дејствувањето на Операта и Филхармонијата во периодот од 1948 до 1953 година.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе