Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп денеска (6 октомври) во 12:00 часот ќе се одржи промоција на монографијата посветена на Горан Стефановски, „Горан во Драмски“. Промоцијата ќе се одржи во рамките на Меѓународниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Приредувач на изданието е Александра Бошковска.
Од Драмскиот театар информираат дека монографијата ги отсликува почетоците и долгогодишната работа на Горан Стефановски како драмски писател.
– Во книгата се автентично претставени и моменти од неговата соработка со режисерите и неколку генерации актери кои се развивале, оживувајќи ги неговите дела во Драмскиот театар – нагласуваат од оваа Национална установа и додаваат дека Стефановски напишал над 30 драмски текстови, од кои над 14 се премиерно изведени на сцената на овој театар.