Превентивни конзерваторски интервенции на манастирот „Св. Богородица“ во Матејче за заштита од надворешни влијанија

од admin_kult

Националниот конзерваторски центар – Скопје почна да спроведува превентивни конзерваторски интервенции на црквата „Св. Богородица“ во Матејче за ова културно добро да се заштити од надворешни влијанија во зимскиот период.

Храмот посветен на Богородица, лоциран над селото Матејче, е еден од најрепрезентативните споменици на византиската уметност на македонска почва.

Сместен на планинскиот масив Скопска Црна Гора, манастирот ги отсликува врвовите на средновековната ликовна продукција на македонската територија. Манастирската црква е изградена во XIV век од страна на царот Душан, а по неговата смрт, сопругатаЕлена и синот Урош ја доградиле и ја живописале.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе