Претставата „Буре барут“ на МРТВ, а Археолошкиот музеј започнува со онлајн проект за најмладите

од admin_kult

Вечерва со почеток во 23:40 часот, на првиот канал на МРТВ ќе може да се проследи претставата “Буре барут” во режија на Сашо Миленковски, а во продукција на Драмски театар.

Археолошки музеј, пак организира онлајн предизвик за најмалите во изолација , затоа од денеска започнува проектот #МузејскаЕдукација преку цртежи.

„Преку оваа активност децата, цртајќи ги музејските предмети кои ќе ги објавуваме, ќе се запознаат со археологијата и нашето богато културно наследство, како и со примената на тие предмети во минатото. Ги охрабруваме и возрасните да се приклучат во овој креативен проект и да ги споделуваат со нас нацртаните цртежи“, велат од музејот.

Музејските предмети ќе ги споделуваат на нивните социјални профили на Фејсбук и Инстаграм.

„Секој кој ќе се вклучи во овој проект потребно е да ги сподели цртежите со #МузејскаЕдукација преку #Цртежи и да го тагне профилот на музејот. Сите деца кои ќе бидат дел од оваа иницијатива ќе бидат поканети на бесплатна едукативна работилница во нашето едукативно катче, а за возрасните кои ќе се вклучат ќе следи бесплатна посета на Археолошкиот музеј веднаш по завршувањето на вонредната состојба“, појаснуваат од музејот.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе