Националната опера и балет донираше 162 заштитни маски од свое производство за вработените во Министерството за култура, акција која ќе продолжи и овие денови.
Нивните соработници во шивалните ќе изготват уште 1000 заштитни маски кои во соработка со Кризниот штаб на Владата, ќе ги донираат за оние на кои им се најпотребни.
На овој начин, Националната опера и балет и практично придонесува во борбата против светската пандемија на коронавирусот, покрај редовното споделување на оперско-НУ Народен театар Битола донираше триста маски за здравствените работници
Народниот театар од Битола пак претходно, во хумана акција донираше околу 300 маски во битолската болница „Др.Трифун Пановски“, направени од шивачите во театарот.