Премиера на „Вишновата градина“ во Турскиот театар

од admin_kult

Турскиот театар вечер премиерно ќе ја изведе претставата „Вишновата градина“ од Антон Павлович Чехов, во режија на Владимир Милчин.

Сценографијата е на Крсте С. Џидров, за костимографијата се погрижи Марија Пупучевска, а улогите ги толкуваат: Бедија Беговска, Емине Халил, Несрин Таир, Елјеса Касо, Џенап Самет, Селпин Керим, Неат Али, Сузан Акбелге, Осман Али, Слаѓана Вујошевиќ, Зиба Радончиќ, Хакан Даци и Ерман Шабан.

Премиерата ќе биде изведена во согласност со КОВИД-протоколите и препорачаните мерки. Бројот на седиштата е ограничен.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе