Битолскиот театар повторно ги отвора вратите за љубителите на театарската уметност, овојпат со најновиот проект наречен „Молитива по Достоевски“, кој е инспириран од делото, животот и философијата на два великана: писателот Фјодор Михајлович Достоевски и поетот, музичар, кантавтор Владимир Семјонович Висоцки.
Премиерата, што Театарот ја реализира со сопствени средства, ќе се одржи според сите протоколи и со ограничен број публика. Премиерата е закажана за 21 и 22 мај во 20:00 часот, а поради ограничените места, претходно треба да се направи резервација.