Изложба на театарски фотографии од Драган Гајиќ во КСП „Центар – Јадро“

од admin_kult

Во КСП „Центар – Јадро“ е отворена изложбата на театарски фотографии од авторот Драган Гајиќ, „Фаза: Темно“.

Фотографиите, работени во периодот од 2015 до 2020 година, се приказ кој во длабочината и бојата на темнината создаваат композиција на обмислена идеја, длабоки чувства и акцентиран микрокосмос.

Драган Гајиќ е роден во 1967 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности – отсек камера. Постдипломските студии за фотографија и маркетинг ги завршил во Њујорк.

Директор е на фотографија во повеќе македонски серии, документарни филмови, ТВ-филмови, реклами и музички спотови, а покрај тоа работел и на рекламни кампањи, едиторијали, каталози… Досега има реализирано изложби на фотографии во: Њујорк, Македонски народен театар, Мала станица, но и на други меѓународни и интернет-изложби.

Изложбата ќе биде отворена до 29 мај, а се реализира со финансиска помош од Министерство за култура.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе