Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија информира за отворениот повик на УНЕСКО за поднесување на проекти за финансирање во рамките на Меѓународниот фонд за културна разноликост (IFCD).
Одбележуваме дека предлог – проектите треба исклучиво да се достават преку официјалната платформа на УНЕСКО за аплицирање, најдоцна до 27 мај 2020 година.
Детални информации за повикот и за процесот на аплицирање можат да се добијат на следниот линк: https://en.unesco.org/creativity/ifcd/apply.