Вршителката на должноста директор на Театар „Комедија“, Нора Шаќири-Марковиќ, и Игор Подолјанец, директор на Киевскиот академски регионален музичко-драмски театар „П.К. Саксагански“, денеска потпишаа Меморандум за соработка во областа на културата и уметноста.
Со потпишувањето на Меморандумот ќе се овозможи да се интензивира соработката меѓу двете театарски институции преку реализација на повеќе заеднички програми и проекти, како и со размена на искуства.
Со тоа, Театарот „Комедија“ ќе ѝ овозможи на публиката во иднина да проследи претстави на оваа театарска куќа од Украина.