Почнуваат Есенските музички свечености

од admin_kult

Со концерт на Националниот ансамбл „Танец“ и Влатко Стефановски, вечер во 20:00 часот во Националната опера и балет ќе биде отворено 22. издание на традиционалната манифестација „Есенски музички свечености“ во 2021 г.

Националниот ансамбл „Танец“ над седум децении ја остварува својата културна мисија за негување и презентирање на македонското фолклорно творештво во земјава и надвор од неа.

Влатко Стефановски е долгогодишен пријател на „Танец“, кој во текот на својата речиси петдецениска кариера многупати  во земјава и во странство настапувал  со Ансамблот, а соработката ја истакнува како особено значајна и инспиративна за неговата музика, како и за македонската музичка култура во целост.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе