Со концерт на Националниот ансамбл „Танец“ и Влатко Стефановски, вечер во 20:00 часот во Националната опера и балет ќе биде отворено 22. издание на традиционалната манифестација „Есенски музички свечености“ во 2021 г.
Националниот ансамбл „Танец“ над седум децении ја остварува својата културна мисија за негување и презентирање на македонското фолклорно творештво во земјава и надвор од неа.
Влатко Стефановски е долгогодишен пријател на „Танец“, кој во текот на својата речиси петдецениска кариера многупати во земјава и во странство настапувал со Ансамблот, а соработката ја истакнува како особено значајна и инспиративна за неговата музика, како и за македонската музичка култура во целост.