Почнува книжевниот фестивал „Друга приказна“

од admin_kult

Книжевниот фестивал „Друга приказна“ ќе се одржи утре и задутре во Пионерскиот дом „Карпош“ во Скопје.

Тема на годинашниот фестивал се сликовниците. Фестивалот ќе се обиде да понуди свеж пристап кон жанрот на сликовниците преку мултимедијални и перформативни иновации.

Фестивалот ќе се отвори со промоција на новиот број на списанието „Маргина“, придружена со изложбата „Седум современи македонски илустратори“. Главниот настан ќе биде „Читање на омилените сликовници“ на кој ќе учествуваат повеќе посветени читатели од различни професионални сфери. Вториот ден ќе се одржи промоција на новата едиција „Старо купувам“ во издание на „Темплум“, која спојува класични текстови за деца од важни македонски автори, преоблечени во оригинални илустрации од млади македонски ликовни уметници. Ќе биде одржана и проекција на три анимирани видеосликовници, како и камишибаи-претстави (јапонски сликовен театар), со цел откривање нови димензии на сликовниците.

Добитник на главната награда на фестивалот годинава е бугарскиот писател Георги Господинов. Досегашни добитници на наградата се: Давид Албахари, Влада Урошевиќ, Оља Савичевиќ Иванчевивиќ, Ненад Величковиќ и Јана Бауер.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе