Со претставата „History of moderfuskres“ по мотиви на „Кориолан“ од Вилијам Шекспир, авторски проект на Андраш Урбан, во изведба на актерите од Народниот театар Битола, утревечер (8 септември) започнува 29. издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ – Струмица.
Организаторите најавуваат десет остварувања од земјава и од странство и потсетуваат дека Фестивалот ќе се одржува до 13 септември во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица со почитување на ковид-протоколите. Оттаму додаваат дека фестивалското жири, кое ќе одлучува за единствената награда за највисоко актерско остварување „Ристо Шишков“, ќе го предводи минатогодишната добитничка на наградата, актерката Александра Пешевска, а членови се и актерите Благој Чоревски и Петар Мирчевски.