Со претставата „+18“, што ќе ја изведе градскиот театар „Хади Шеху“ од Ѓаковица, Косово, вечер (7 септември) во 20:00 часот во Куршумли ан започнува 15. издание на Меѓународниот театарски фестивал „Скупи фестивал 2021“.
Организаторот најавува дека на Фестивалот ќе гостуваат театарски групи од Косово, Србија, Албанија, Бугарија, Словенија, Русија и од нашата држава.
МТФ „Скупи фестивал“ има натпреварувачки карактер, а жирито, составено од: Тауланда Јупи, режисерка од Тирана; Аделина Марку; и Елмазе Нура, режисерка од Приштина, ќе одлучува за најдобра претстава на Фестивалот.
Фестивалот се реализира со поддршка од: Министерството за култура, Град Скопје, Институтот „Јонус Емре“ и Македонски телком.