Почна снимањето на „Кајмак“од Милчо Манчевски

од admin_kult

Во хотелот „Лимак“ во Скопје почна да се снима „Кајмак“, седмиот филм на режисерот Милчо Манчевски. Филмот ќе се снима пет недели на локации низ Скопје, во населбите Козле, Автокоманда, Центар и Лисиче.

„Кајмак“ е европска копродукција во која поголем дел од финансиите се од странство – 52 процента од средствата се од филмските фондови на: Данска, Холандија, Хрватска и Бугарија, а 48 проценти од нашата Агенција за филм. „Кајмак“ доби поддршка и од европскиот фонд „Еуримаж“. Помогнат е од голем број домашни и странски поединци и компании. Копродуцент е Македонската радио-телевизија, а во екипата се вклучени филмски работници од Англија, Италија и од Србија.

Во актерската екипа се: Камка Тоциновски, Сара Климоска, Александар Микиќ, Ана Стојановска, Симона Спировска, Петар Мирчевски, Филип Трајковиќ, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски  и други.

Продукциски дизајнер е Дејвид Манс од Англија, директор на фотографија е Данецот Улрик Боел Бенцен, кастинг-директор е Милка Анчевска, костимограф е Жаклина Крстевска, а дизајнер на шминка е Марио Микисанти. Македонски продуцент на филмот е „Банана филм“ со продуцентот Јане Ќортошев.

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе