Заводот и музеј – Битола започна конзерваторско-реставраторски работи на архитектурата на црквата „Св.Ѓорги“ во Курбиново.
Министерката за култура Ирена Стефоска на својот фејсбук-профил напиша дека е ова прва посериозна интервенција, по речиси три децении, за заштита на непроценливото културно наследство од XII век.