Петар Андоновски добитник на европската награда за литература

од admin_kult

Македонскиот писател Петар Андоновски за својот роман „Страв од варвари“, во издание на „Или-Или“, е добитник на Европската награда за литература. Заедно со него, лауреати се уште 13 европски писатели.

Покрај Андоновски, во потесната конкуренција за наградата уште тројца македонски писатели – Давор Стојановски со „Утеха за голите“, Ѓорѓи Крстевски со „Другата страна“ и Михајло Свидерски со „Последните денови на Ханс“. Во потесниот избор биле 47 автори од 13 европски земји.

Досегашни добитници на наградата за литература на ЕУ се Гоце Смилевски во 2010 за делото „Сестрата на Зигмунд Фројд“ и Лидија Димковска во 2013 за „Резервен живот“.

 

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе