Нови содржини на вонредната сцена в петок во Театар Комедија   

од admin_kult

НУ Театар Комедија, за в петок најавува нови активности од вонредната сцена.

-Oвој пат на сцената ќе застанат петмина актери, кои, распоредени на соодветната дозволена дистанца, ќе се обидат со својот настап барем за миг да ја разведрат публиката.

Вклучувањето во живо е закажано за в петок, со почеток во 20:30 часот од сцената во дворот на театарот, информираат од Театар Комедија.

Публиката ќе може да ужива во настапите на актерите: Жарко Димоски, Жаклина Стевковска, Роберт Ристов, Ева Скендеровска и Дритон Вејсели.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе