Во Народниот театар во Охрид утревечер, со почеток во 18:00 часот, ќе се одржи премиерата на претставата „Сопружници” од Вуди Ален, во режија на Драгана Таневска. Во оваа премиерна изведба, која е од затворен тип, настапуваат: Ивица Цонев, Елизабета Стефановска, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ-Тодороска, Филип Кипровски и други.
Од Театарот појаснуваат дека претставата „Сопружници” е песимистичко гледиште на романтичната љубов и бракот.
„Хуморот во претставата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа, пак, од друга страна, е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите“, вели режисерката Драгана Таневска.