Отворена Градска уметничка галерија на Струмица

од admin_kult

Со изложбата „Сто години струмичка ликовна уметност“, составена  од дела од од струмичките сликари кои твореле во минатото и оставиле траен белег во ликовната култура, во Струмица е отворена Градската уметничка галерија.

Новиот галериски простор лоциран во дел од скривницата на плоштадот  е можност за претставување на дела од струмичките уметници, дела од Меѓународната струмичка ликовна колонија, како и разни други изложби, работилници, предавања, промоции и други ликовни и културни содржини, како од локален и регионален така и од национален и меѓународен карактер.

Вкупната површина на Галеријата изнесува 319 квадратни метри, а има изложбен простор, депо за слики, дневно депо, канцеларија, бифе и простор за седење. За уредувањето на просторот се потрошени околу 6,5 милиони денари, поголемиот дел обезбедени од Министерството за култура и од општинскиот буџет.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе