Ретроспективна изложба на академик Васко Ташковски во Даут-пашиниот амам

од admin_kult

Во Националната галерија на Република Северна Македонија од утре ќе биде поставена ретроспективната изложба на академик Васко Ташковски, водечки претставник на надреализмот, фантастичното сликарство, еколошките и космичките теми во македонската ликовна уметност, со широка афирмација на Балканот, во Европа и во светот.

Во рамките на изложбата ќе бидат претставени слики, акварели и цртежи од сите творечки фази на авторот. Куратор на проектот е Маја Чанкуловска-Михајловска, виш кустос во Националната галерија.

Васко Ташковски е роден во Нижополе, Битолско. Средно уметничко училиште завршува во Скопје, а дипломира на Академијата за применета уметност во Белград. Покрај сликањето во маслена техника, работи и акварел, цртежи и графика. Има реализирано над 50 самостојни изложби, а учествувал и на повеќе групни изложби во земјава и во странство. Добитник е на многубројни награди и признанија, меѓу кои: Награда на СУБНОР „4 Јули“, Белград (1977); Октомвриска награда на СР Македонија, Скопје (1978); Медал на трудот од Претседателството на СФРЈ, Белград (1980) и др. Во 1994 година станува дописен член на МАНУ.

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе