Отворање на изложбата „Свети Меркуриј воинот и неговиот триумф низ вековите“

од admin_kult

Во Музејот на Северна Македонија денеска (26 октомври) во 13:00 часот ќе биде отворена изложбата „Свети Меркуриј воинот и неговиот триумф низ вековите“. Автор на изложбата е Јехона Спахиу-Јанчевска.

На изложбата се претставени триесет и две илустрации со приказ на светителот од различни цркви, манастири и икони од нашата држава настанати во периодот од XII до XIX век. Во нив се следи развојниот пат на претставите на св. Меркуриј, особено во промените на изгледот, ставот, одеждата и атрибутите.

„Светиот воин Меркуриј е еден од најпознатите припадници на небесната војска, кој со својот висок ранг спаѓа во редот на главните и почитувани светители. Податоците и секвенците од неговите многубројни житија се ликовно преточени во претстави кои го прикажуваат светителот во исправена положба или на коњ. Во однос на физиономијата, св. Меркуриј нема сосема дефинирани и постојани особености, а неговата претстава минува низ неколку промени што ги следиме од X до XII век, па преку поразличните прикази во следните векови“, наведуваат од Музејот на Северна Македонија.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе