Во Штип ќе биде отворена изложбата „Увертира кон македонскиот стрип“

од admin_kult

Во НУ Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ – Штип денеска (26 октомври) во 17:30 часот ќе биде отворена изложбата „Увертира кон македонскиот стрип“.

Станува збор за поставка на педесетина рани форми на стрип од просторот на бивша Југославија, создадени во втората половина на 19 век. Промотор на изложбата ќе биде стрип-авторот Александар Стеванов, кој во воведниот говор ќе ја претстави македонската врска на изложените дела.

„Во бивша Југославија, стрипот како термин за првпат се спомнува во триесеттите години на минатиот век, но како уметност тој има своја богата историја. Па така, првите стрипови, односно протострипови, на истиот тој простор се појавуваат уште во 1860-тите. Раштркани во мноштвото периодични публикации, меѓу другите и во оние уредувани од Јован Јовановиќ, за дел од тие рани форми на стрип интересно е да се спомне дека имаат извесна поврзаност со нашата земја“, наведува Стеванов во најавата за изложбата.

Како втора и финална фаза од реализацијата на овој проект, кој е поддржан од Министерството за култура, ќе биде објавена и двојазичната истражувачка книга „Приказна за лекарот, поетот и стрип-пионерот“.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе