Одбележана 700-годишнината од смртта на Јунус Емре во Тирана

од admin_kult

На покана од турскиот институт „Јунус Емре“ од Тирана, државниот советник во Министерството за култура, Бехиџудин Шехапи, деновиве учествуваше на панел-собирот „Универзалната порака на Јунус Емре“. Настанот, кој се одржа  на Универзитетот „Њујорк“ во Тирана, беше во рамките на одбележувањето на 700-годишнината од смртта на познатиот  хуманист и мистичен поет Јунус Емре, настан кој е запишан и во Календарот на значајни јубилеи поддржани од страна на УНЕСКО како година на Јунус Емре и Данте Алигери.

На панелот беше истакната улогата на овој мистичен поет од 13 век и неговата неприкосновена порака  кон љубовта и човекољубието. Името на Јунус Емре, неговата  поезија и порака се познати во целиот свет, особено неговите начела во поезијата која е универзална без оглед на верската и етничката припадност на луѓето овековечени во неговата кратка но суштинска мисла „Да сакаме, за да бидеме сакани“.

Во своето обраќање пред присутните, државниот советник Шехапи, задржувајќи се на оваа универзална порака, истакна дека таа доаѓа до израз во творбите на градителите на движното и на недвижното културно наследство во Скопје и во Тетово. Шехапи ја истакна и одличната соработка на  Министерството за култура со Институтот „Јунус Емре“ од Скопје при одбележувањето на 700-годишнината од смртта на овој поет кој го слави и УНЕСКО.

На собирот, во присуство на амбасадорот на Турција во Албанија,  со свое излагање учествуваше и поетот Зејнел Бексач  од Косово, како и  професорката по туркологија Линдита Џанари Латифи од Универзитетот „Њујорк“, која е и директорка на Балканскиот истражувачки институт од Тирана.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе