Во Чифте амам вечер ќе биде отворена изложбата „Subscript“ на уметникот Горан Деспотовски од Нови Сад, Србија.
Од Националната галерија најавуваат дека изложбата има ретроспективен карактер, а во најголемиот дел од реализираните инсталации и објекти, авторот ги претставува личноста, групата, масата луѓе во форма на кукли што го контекстуализираат присуството на лице/а во одреден простор, но без него/нив во буквална смисла.
Деспотовски работи на Академијата за уметности во Нови Сад, а е и претседател на Друштвото на ликовните уметници на Војводина. Организирал шеесетина самостојни и учествувал на неколку колективни изложби во својата земја и во странство. Добитник е на многу награди во областа на ликовната уметност.
Изложбата ќе биде отворена до 28 октомври, а куратор на проектот е Ана Франговска.