Скопје танцовиот театар ја отвора сезоната со танцов перформанс и филм

од admin_kult

Во рамките на филмската програма „Кино – МСУ“, вечер во Музејот на современата уметност – Скопје ќе се одржат танцовиот перформанс „Не ми ги допирај очите“ и проекција на танцовиот филм „Дома“ на Адријана Данчевска во продукција на Скопје танцовиот театар. Со овие настани започнува сезоната на настапи на оваа танцова компанија.

Како што соопштува уметничката директорка на Скопје танцовиот театар и деканка на Академијата за филмска уметност при УГД, Рисима Рисимкин, во рамките на вечерта ќе има и проекција на филмот „Витро“ од Филип Петковски.

– Сезонатa 2021/2022 е една од најважните сезони за Скопје танцовиот театар, со оглед на тоа што во март 2022, компанијата ја очекува историското гостување во Националниот театар за современ танц „Шајо“ во Париз, Франција. Воедно, Скопје танцовиот театар најавува повеќе настапи со продукциите на компанијата во текот на октомври, ноември и декември 2021 за што публиката ќе биде навремено информирана – наведува Рисимкин. Таа додава дека во рамките на програмата на фестивалот „Танц фест“ во почетокот на декември ќе се одржи и гостување на престижната танцова компанија „Скапино балет Ротердам“, во соработка со Скопје танцовиот театар, со што ќе се одбележи долгогодишната соработка со уметници од Холандија и нивното влијание врз развојот на современата танцова сцена кај нас.

Гостувањето на „Скапино балет Ротердам“ е поддржано од Холандската амбасада, а работата на Скопје танцовиот театар е поддржана од Министерството за култура и од Град Скопје.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе