Во Националната опера и балет денеска (17 ноември) во 20 часот ќе биде изведено едно од ремек-делата на Џакомо Пучини, операта „Тоска“, во режија на Огњан Драганов од Бугарија.
Диригент е Бисера Чадловска, сценографијата ја изработи Зоран Николовски, а костимографијата е на Марија Пупучевска. Настапуваат: Весна Ѓиновска-Илкова, Зоран Сотиров, Борис Трајанов, како и: Ернес Ибраимовски, Драган Ампов, Никола Стојчевски, Диме Петров, Димитар Кожухаров и Десанка Глигоријевиќ. Настапуваат и Хорот и Оркестарот на Националната опера и балет.