Онлајн Мајски оперски вечери 2020

од admin_kult

Оваа година Мајските оперски вечери ќе бидат одбележани на еден поинаков начин. На официјалниот јутјуб-канал публиката ќе има има можност да проследи 10 продукции на Националната опера и балет, осум оперски и дбе балетски.

„За почеток, на 9 мај ќе можете да ја проследите дигиталната премиера на најновата продукција на операта ‘Кармен’, на 12 мај балетската претстава ‘Рајмонда’, 15 мај ‘Турандот’, 17 мај ‘Кавалерија Рустикана’ и оперскиот концерт по повод 70 години од оперската уметност.

На 19 мај ќе имате можност да го проследите балетскиот концерт ‘Балетски бисери’, а на 22 мај операта ‘Фауст’. На 24 мај, по повод празникот Св. Кирил и Методиј ќе имате можност да ја проследите операта ‘Лидија од Македонија’ од Ристо Аврамовски.

Операта ‘Адријана Лекуврер’ ќе биде емитувана на 26 мај, а операта ‘Травијата’ на 29 мај. За крај традиционално, како што и би го завршиле фестивалот Мајски оперски вечери, на 31 мај ќе ја емитуваме операта ‘Аида’“, соопштија од НОБ.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе