На 9 мај, сабота, со почеток во 18 часот, во Музејот на македонската борба ќе настапи реномираниот македонски пијанист Дино Имери. Ексклузивниот настап во живо под наслов „Концерт во изолација“ ќе содржи изведби на дела од Бетовен, Брамс, Дебиси, Рахмањинов и други. Концертот кој што ќе се одвива во салата на музејот, публиката ќе може да го проследи во живо преку профилот на музејот на социјалната мрежа фејсбук.
Дино Имери (1990) е еден од најреномираните македонски пијанисти. Настапувал со огромен успех со Стразбуршка филхармонија, Софиска филхармонија, Македонска филхармонија, Симфониски и камерен оркестар на ФМУ, Македонска опера и балет, Камерен оркестар на музичка младина на Македонија.
Добитник е на голем број награди и признанија, а бележи и бројни домашни и меѓународни дискографски изданија. Од декември 2018 г. се стекнува со звање доцент и на Факултетот за музичка уметност во Скопје.