Онлајн издание на 3. Интернационално графичко биенале

од admin_kult

Во периодот од 2 до 30 ноември на социјалните мрежи каде што е присутно Друштвото на ликовни уметници на Македонија, како и на неговата веб-страница, се организира 3. Интернационално графичко биенале.

Од ДЛУМ велат дека поради посебните услови и неможноста физички да се организира изложбата оваа година, се одлучиле заонлајн-претставување.

„Во време на светска здравствена криза, која завладеа на целата Земјина топка, културата е една од најранливите категории, а особено визуелните уметности. Ние, како Друштво на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ), сметавме дека е повеќе од потребно да ја покажеме нашата страст кон нашата професија. Тоа е нашиот јазик на комуникација.

Тоа е нашата обврска со која го сугерираме нашиот став, нашите размислувања, нашиот отпор или, пак, колективна идна меморија. Со нашите организирани настапи ја покажуваме и нашата солидарност и поддршка, да се ангажираме кога владее општа депресија, и на посебен начин да придонесеме во движењето на убава позитивна енергија која ќе нѐ одржи“, најавуваат од ДЛУМ.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе