Националната галерија собира дела за ретроспективата на Кондовски

од admin_kult

Во пресрет на ретроспективната изложба на нашиот сликар Димитар Кондовски, Националната галерија на Македонија, преку јавен повик, собира дела од истакнатиот уметник.

Националната галерија ја продолжува практиката востановена со jубилејната изложба на Петар Мазев за вклучување на публиката, колекционерите и љубителите на творештвото на најзначајните македонски автори.

За таа цел, од Националната галерија е упатен повик до сите колекционери што поседуваат дела од Димитар Кондовски, да ги исконтактираат преку е-пошта на contact@nationalgallery.mk и на aleksandra.z.v@gmail.com, со предмет на е-поштата „Dela od Kondovski“, со што би придонесле кон збогатувањето на информациите поврзани со неговото творештво.

Информациите во врска со делата и материјалите на Димитар Кондовски, Националната галерија ги очекува најдоцна до 31 август 2021 година.

Кондовски бил сликар, сценограф, дизајнер, илустратор, се занимавал со графика, а бил и дописен член на МАНУ и професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Има особено значење за развитокот на македонското современо сликарство во шеесеттите години на минатиот (20) век. Завршил Академија за ликовни уметности во Белград. Бил член на групите „Денес“ и „Мугри“, а пишувал и критика. Работел и како професор на Педагошката академија во Скопје.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе