МНТ со „Само глас“ гостува на Меѓународниот театарски фестивал „Јоакимфест“ во Србија

од admin_kult

Македонскиот народен театар со претставата „Само глас“ од Нина Плавањац, во режија на Марјан Неќак, во втората недела од октомври ќе гостува на Меѓународниот театарски фестивал „Јоакимфест“ што се одржува секоја есен во Крагуевац, Србија.

– Фестивалот опстојува веќе 15 години и поминал низ различни периоди на подеми и падови, во потрага по солидно втемелен концепт. Денес, тоа е Фестивал на современ, модерен, социјален, естетски и поетски референтен театар, кој со избирање претстави, се стреми да биде видлив и препознатлив не само локално туку и во поширокиот регион – соопштуваат од МНТ.

Оттаму додаваат дека е ова четврто фестивалско претставување на МНТ и претставата „Само глас“, но годинава и прво патување на македонските актери (Звездана Ангеловска и Никола Ристановски, со снимен глас, како и балетанот Мирослав Митрашиновиќ) надвор од границите на нашата држава. Домаќин и организатор на Фестивалот е Кнежевско-српскиот театар од Крагуевац. Следната изведба на матичната сцена во МНТ е закажана за 20 октомври во 20:00 часот.

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе