МНТ со праизведба на драмата „Само глас“

од admin_kult

На сцената на Македонскиот народен театар денеска (26 мај), со почеток во 20 часот, ќе биде одиграна праизведбата на комуникациската современа музичка драма „Само глас“ од младата авторка Нина Плавањац.  Претставата „Само глас“ е во режија на Марјан Неќак, кој е и автор на музиката, сценограф и дизајнер на светлото.

Во улогите на Таа и Тој играат првенците на ансамблот на Македонскиот народен театар, Звездана Ангеловска и Никола Ристановски, со снимен глас, како и балетанот Мирослав Митрашиновиќ.

„Ова е приказна за силна и талентирана жена, која преку ниска постапка го доживува најпонижувачкиот момент во својот живот, борејќи се за сопствениот идентитет. Позната е само Таа бидејќи во нејзината личност се измешани повеќе архетипови: на ќерка, на дете, на жена, на љубовница, на ѕвезда, на протагонистка и на антагонистка“, информираат од МНТ. Оттаму додаваат дека текстот го превела Звездана Ангеловска, преводот на песните од англиски јазик го направила Елена Китановска, видеодизајнер е Марин Лукановиќ, а костимограф e Наташа Павлиќиќ.

Следните изведби се закажани на 27 и 29 мај со почеток во 20 часот.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе