Денеска ќе се одржи настанот „Поетска средба во Небрегово“

од admin_kult

Пред Спомен-домот во Небрегово, денеска (26 мај), со почеток во 12 часот, членови на Друштвото на писателите на Македонија ќе читаат стихови и ќе говорат во чест на великанот на нашата книжевност, Блаже Конески. Манифестацијата, која е насловена „Поетска средба во Небрегово“, е сегмент од програмата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“ по повод 100-годишнината од неговото раѓање што се реализира под покровителство на Претседателот и со поддршка од Владата на Република Северна Македонија.

Како што информираат од Друштвото на писателите на Македонија, на средбата ќе настапат: Глигор Стојковски, Веле Смилевски, Христо Петрески, Пајо Авировиќ, Јулијана Величковска, Владимир Мартиновски, Снежана Стојчевска, Мишел Павловски, Мерсиха Исмајлоска и Соња Стојменска-Елзесер. Настанот ќе биде проследен и со музички настап на групата „Канарина и гитара“ што ја сочинуваат Петар Ренџов и Ивана Стојановска.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе