Министерката за култура Стефоска се сретна со рускиот амбасадор Баздникин

од admin_kult

Министерката за култура Ирена Стефоска се сретна со амбасадорот на Руската Федерација во нашата земја, Сергеј Баздникин.

На средбата соговорниците се согласија дека Република Северна Македонија и Руската Федерација имаат плодна културна соработка, која се одликува со реализација на голем број проекти од сите дејности на културата.

Беше договорено во следниот период да се организираат Денови на македонската култура во Русија и акцент беше ставен на обновувањето на соработката во областа на заштитата на културното наследство, со особено внимание на поддршката на стручна експертиза и обука на кадри во оваа сфера.

На средбата беше нагласено дека е од голема важност склучувањето спогодба  меѓу владите на двете земји за натамошно унапредување на односите во културата.

 

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе