Министерката Стефоска се сретна со градоначалничката на Тетово, Арифи

од admin_kult

Министерката за култура, Ирена Стефоска, оствари работна средба со градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи.

На средбата стана збор за тековните активности од областа на културата во оваа општина, за проектите за заштита на богатото културно наследство, како и за потребите на современата културна сцена во Тетово. Беа договорени и конкретни чекори за заедничка соработка меѓу Општина Тетово и Министерството за култура за реализација на проекти и активности за развој и афирмација на уметничките вредности кои се белег на овој регион.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе