Оркестарот на Филхармонијата вечер ќе го одржи концертот „Младите доаѓаат“

од admin_kult

Оркестарот на Филхармонијата, под диригентската палка на Сашо Татарчевски, вечер (3 јуни) во 20 часот ќе го одржи концертот „Младите доаѓаат“ на кој ќе настапат учениците од државните музички училишта.

На програмата се дела од: Хајдн, Пихл, Штамиц, Моцарт, Глук, Сен-Санс и Григ. Како солисти ќе настапат младите музичари: Софија  Михајловска – пијано, Огнен Златанов – контрабас, Јосипа Василевска – флејта, Виктор Рафајловски – пијано, Теодора Пејиќ – соло пеење, Магдалена Дрмач – виолончело и Гоце Златев – пијано.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе