Меѓународен научен симпозиум „Денови на Јустинијан Први“

од admin_kult

Меѓународниот научен симпозиум „Денови на Јустинијан Први“ ќе се одржи денеска во Музејот на македонската борба, во организација на Институтот за национална историја – Скопје и Универзитетот во Болоња, а во партнерство со Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“.

Симпозиумот ќе се реализира со комбинирано учество – физичко и онлајн. На шесте сесии што ќе се реализираат во текот на двата работни дена во Музејот на македонската борба и преку онлајн-платформата Зум (Zoom), со свои реферати ќе учествуваат педесетина еминентни професори и научници од: Италија, САД, Австралија, Велика Британија, Русија, Шпанија, Полска, Чешка, Холандија, Австрија, Унгарија, Србија, Грција, Хрватска, Финска и Романија.

Меѓународниот научен симпозиум „Денови на Јустинијан Први” претставува годишен научен форум за презентација на најновите истражувања за различни аспекти на византолошките и на средновековните студии, што ги вклучува третманот и интерпретацијата на културното, историското и на духовното наследство во современа Европа. Симпозиумот е посветен на императорот Јустинијан Први и има цел да опфати широк спектар на истражувачки прашања во функција на реконструирање на културното и историското наследство, како интегративна компонента на различностите и заедништвото на обединета Европа.

Симпозиумот е традиционално вклучен во годишните програми на Министерството за култура и на Градот Скопје, a e поддржан од: Италијанската амбасада, Музејот на македонската борба, Македонската православна црква – Охридска архиепископија…

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе