Лилјана Пандева лауреат на наградата “Григор Прличев” за најдобра поема за 2020 година

од admin_kult

Поетесата Лилјана Пандева е автор на поемата „Капетаните“, избрана како најдобра на конкурсот за наградата „Григор Прличев“ за 2020 година што секоја година се доделува во чест на познатиот охридски поет и преродбеник.

Наградата ќе и биде врачена на манифестацијата “Прличеви беседи” што секоја година се одржува на почетокот на февруари кога се одбележува годишнината од смртта на големиот поет кој почина на 4 февруари 1893 година. Прличев пред век и половина беше овенчан со Ловоров венец во Атина за неговата поема „Сердарот“.

„Прличевите беседи“ се одржуваат во организација на Центарот за култура и Библиотеката во Охрид што го носат неговото име, со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија.

Лилјана Пандева автор е на повеќе дела, меѓу кои „Новогодишни едночинки“, драмолети за деца во стих, поетската збирка „Љубов од А до Ш и обратно“, збирките раскази „Возовите на Луцерн“, „Канцеларсики колумни“, „Класифицирано“, романите „Од агендата на Калина Калин“, „Дневници на една љубов“, „Доилката“, добитник на наградата „Стале Попов“ на ДПМ, „Два Божика“, како и на поголем број научни трудови од областа на македонистиката и книжевната критика.Нејзините дела се преведени на повеќе странски јазици.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе