Конзервација на мозаиците во Хераклеја Линкестис со грант од САД

од admin_kult

Со 100.000 долари грант од САД  ќе се врши конзервација и презентација на мозаиците и архитектурата на археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис.

Според  проектната документација,  со конзерваторските зафати ќе бидат опфатени мозаичните површини  и архитектурата во делот на Малата и Големата базилика, Епископската резиденција, кружната кула, градската фонтана и други содржини.

Конзерваторските интервенции кои во голем обем и интегрално, за првпат се превземаат благодарение на овој грант, не само што ќе овозможат зачувување на овие исклучително вредни културни добра по кои Хераклеја е препознатлива, туку ќе дадат и ново светло и значење на самиот локалитет, информираа од Националната установа Завод и Музеј-Битола.

Проектната апликација е поддржана од американската амбасада во земјава, а реализацијата е во тек.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе